X Зона
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Известување во врска со форумот

Go down 
АвторПорака
ГоКи
Администратор
Администратор



Male Број на мислења : 214
Age : 33
Registration date : 2007-05-18

Известување во врска со форумот Empty
ПишувањеПредмет: Известување во врска со форумот   Известување во врска со форумот EmptyСаб Мај 19, 2007 1:07 am

Правила на форумот


1.Регистрацијата на форумот е бесплатна! Секој има право на регистрирање
и избор на корисничко име. Со самото регистрирање, членот се обврзува
дека никогаш нема да го посредува своето корисничко име или својата
лозинка на други членови или лица.

Исто така, членот се согласува дека никогаш нема да користи две или
повеќе членски имиња при пишувањето или разгледувањето на форумот.


2. "xzona" се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и
анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да
ги посредува на трети лица. При вашето регистрирање на xzona Форум,
потребни ќе ви се валидна електронска пошта и лозинка. Останатите
податоци се по ваш избор.


3. "xzona" може да разоткрие нечии податоци ако се сомнева
дека членот јавно ја загрозува безбедноста на податоците и на самиот
форум. Со секоја ваша посета на xzona Форум, вашата IP адреса се
снима.

4. Членот се согласува дека нема да се служи со материјал кој е
лажен, клеветнички, злоупотребен, вулгарен, полн со омраза (расна,
национална, сексуална, културна или лична), вознемирувачки кон другите
членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.


5. Членот се согласува дека нема да нуди материјал кој е авторски заштитен или без дозвола на сопственикот на материјалот.


6. Модераторите и администраторите на форумот имаат целосно
право (и должност) да ги избришат сите информации приложени на форумот
со кои се кршат правилата.

Тоа вклучува секакви содржини објавени на форумот и галеријата,
информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко
име - доколку тие одлучат дека тоа е потребно.


7. Членот не смее да ги уништува темите на форумот со други
информации кои не се поврзани со темата, лични муабети и слично. За се'
што не е поврзано со темите на форумот, постојат приватните пораки.


8. Основен јазик на форумот е македонскиот, а препорачливо е користење на кирилица.

Сите пораки напишани на странски јазик ќе бидат избришани, а членовите ќе бидат опоменати дека ги прекршуваат правилата.


9. Кршењето на правилата на форумот може да резултира и ќе
резултира со бан, односно забранет пристап на страниците. За
времетраењето на забраната одлучуваат администраторите на форумот, а
членот ќе биде известен за причината и рокот на истекување.

10. Банираните членови, односно членовите со забранет пристап на форумот (привремено или трајно) не смеат да отворат ново членство.

Доколку тоа се случи, тие ќе бидат трајно банирани или избришани.


11. Ако при кршењето на правилата се повредени законите на
Република Македонија или некоја друга држава, доколку е потребно,
администраторите може да соработуваат со сите домашни и странски правни
институции, откривајќи ги сите потребни информации на прекршителот (IP
адреса, e-mail...).


12. Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови на членовите, а не на сопствениците на форумот.


13. Сите прашања во врска со "xzona", форумот, правилата, ваши
предлози, критики и сугестии може да ги објавите во форумот xzona каде ќе добиете одговор во најскоро можно време.

Не "трчајте" по администраторите и модераторите насекаде на форумот, за прашања обратете се во форумот наменет за тоа.


14. "xzona" го задржува правото на промена на правилата, но се обврзува дека тие ќе бидат соопштени во најбрз можен рок.
Вратете се на почетокот Go down
https://xzona.macedonianforum.net
 
Известување во врска со форумот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
X Зона :: X Зона :: Читај тука-Правила на форумот-
Отиди до: